На средбата, на која присуствувале и пратениците Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески, Гаши нагласил дека стратешки цели на наворешната политика на државата од нејзиното осамостојување се членството во НАТО и во Европската Унија, а по членството во НАТО во 2020 година, врвниот државен приоритет е членството во ЕУ.
Двајцата соговорници, како што соопшти собраниската прес-служба, се согласиле дека геополитичките промени на европскиот континент како резултат на воената агресија од страна на Русија врз Украина само потврдуваат дека политиката на проширување на Европската Унија е најдобрата алатка за стабилност, солидарност и одржливост.
Државниот секретар Хартелиус оценувајќи дека средбите во живо и размената на мислења за важните државни интереси се незаменливи, уверил дека и во иднина Република Северна Македонија ќе може да смета на шведската поддршка.
Во рамки на дводневната официјална посета на Кралството Шведска, делегацијата го посетила и Националниот завод за ревизија на Шведската национална канцеларија за ревизија и остварила средба со заменик – врховниот ревизор Клаудија Гардберг Морнер.
На средбата, претседателот на Собранието и пратениците биле информирани за активностите на Канцеларијата, нивниот мандат, организациската поставеност и годишните извештаи што ги изработува Канцеларијата и ги доставува до Парламентот.
На средбата се разговарало и за меѓународната соработка која оваа Канцеларија ја има со Државниот за ревизија во рамки на повеќе програми, како и за начините за зголемување на видливоста на активностите и значењето на независните ревизорски институции во двете држави.