среда, 5 февруари 2025

Средба Азески – Радев на Економски бизнис самит во Софија

Денеска во Софија, Р. Бугарија се одржува Економски бизнис самит, (The Economist Business Summit), кој ги собра заедно политичките и бизнис-лидерите од Бугарија и од регионот. Се разговараше на глобални и регионални теми како: глобалната геополитичка состојба, енергијата и зелената транзиција, вештачката интелигенција, информатичката технологија и приоритетите на Р. Бугарија за 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

На настанот се обратија претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев, кој официјално го отвори самитот, како и премиерот Росен Желјазков.

На настанот присуствуваше и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески кој оствари средба со претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев. Заедно се договорија да организираат средби на македонски и на бугарски бизнисмени во текот на месецов, исклучиво на теми поврзани со инфраструктурата, зголемување на трговската размена и отстранување на сите бариери кои ја попречуваат соработката меѓу двете земји.

За таа цел претседателот Азески ќе одржи одделни средби со премиерот Желјазков и со вицепремиерот и министер за транспорт на Р. Бугарија, Гроздан Караџов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ