петок, 18 октомври 2024

Србите го освоија првото злато на Олимписките игри во Париз

Парот од Србија во стрелаштво на 10 метри со воздушен пиштол, Дамир Микец и Зорана Арнаутовиќ ѝ го донесоа првиот златен медал на својата земја на овие Олимписки игри.

Објавено на

часот

Сподели

Микец и Арнаутовиќ во финалето во оваа дисциплина го победија турскиот пар, Илајда Севал Талхан и Јусуф Дикец со 16-14.

По десет круга Турците имаат фантастична предност од 8-2, но како одминуваше времето Србите ја тепеа негативата и со серија од 10-2 дојдоа до водство од 12-10.

Следуваше нов пресврт, Турција поведе со 14-12 и дојде до меч поен, но ототгаш Србија не загуби и дојде до триумф од 16-14.

Иако поразени, задоволни можат да бидат и Турците бидејќи ова е историски прв медал за нив во стрелаштво.

Бронзата во ова натпреварување им припадна на Ману Бакер и Сарабјот Синг од Индија кои беа подобри од Вонхо Ли и Џин Је Ох од Јужна Кореја со 16-10.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ