„На 29 април 2024 во 2 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Ч.(25) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка ‘апси’ по барање на Интерпол“, информираат од МВР.
Уапсената била предадена на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.