понеделник, 10 февруари 2025

Србија: Сто дена од уривањето на настрешницата – блокада на Газела, маратон во Крагуевац, протест и во Нови Сад (ВИДЕО)

Денеска се навршуваат сто дена од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад во Србија, несреќа во која загинаа 15, а две лица беа тешко повредени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Студенти од Земјоделскиот факултет во Земун го блокираа мостот Газела во Белград, а блокадата ќе трае од 11 до 18 часот.

„Се навршуваат 100 дена од трагедијата во Нови Сад, а за 15 изгубени животи сè уште никој не одговара. Инсистираме надлежните институции да преземат одговорност“, напишаа студентите во објава.

Денеска, откако им оддадоа почит на жртвите, студентите од мостот Газела во реката Сава фрлија 15 рози.

Во Нови Сад три главни раскрсници ќе бидат блокирани од 11 до 14 часот, што практично ќе го блокира влезот во градот, јавува Н1.

„100 дена од падот на настрешницата, 100 дена борба за правда и одговорност, се гледаме подоцна, донесете свирчиња“, стои во повикот за блокирање на раскрсниците во градот.

Пет студенти од Универзитетот во Крагуевац денес ќе трчаат штафетен маратон до Белград, со цел да им достават покани на своите колеги од Нови Сад, Ниш и Белград за протестот што ќе се одржи во Крагуевац на Сретење, на 15 февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ