понеделник, 30 декември 2024

Србија: Полицијата ќе ги обезбедува сите училишта од 1 септември

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува, полициските службеници ќе бидат присутни пред, за време на траењето на наставата и по завршувањето на часовите во двете смени.

„Освен во училишните дворови, полициските патроли ќе бидат засилени во близина на училиштата, а ќе ја контролираат и регулираат и безбедноста на сообраќајот“, се наведува во соопштението.

Началниците на полициските и школските управи, како и директорите на школите и началниците на полициските станици интензивно работат на анализа на безбедносната состојба, се наведува.

„За да ја согледаат ситуацијата и да се преземат заеднички мерки за безбедноста на учениците и вработените да се крене на највисоко можно ниво“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ