вторник, 22 октомври 2024

Српскиот суд донесе одлука за екстрадиција во Белорусија на критичар на нејзиниот авторитарен режим

Српскиот суд донесе одлука за екстрадиција на белорускиот режисер и продемократски политички активист Андреј Хниот на авторитарната влада во Минск. Адвокатите и поддржувачите предупредија дека Хниот може да се соочи со затвор и тортура во Белорусија. Тој се бара во Белорусија за наводно затајување данок.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска адвокатите на филмскиот режисер Андреј Хниот ја добија одлуката на Вишиот суд во Белград за екстрадиција на Андреј во Белорусија“, се вели во изјавата на лидерката на белоруската опозиција и поранешна претседателска кандидатка во егзил Светлана Тихановскаја.

„Доколку биде екстрадиран за кривично гонење, Андреј неизбежно ќе се соочи со тешка затворска казна за својот мирољубив граѓански активизам. Бевме во контакт со дипломатски претставници на земјите од ЕУ, адвокати, бранители на човекови права, адвокати и новинари за да го обезбедиме неговото ослободување“, додаде таа.

Хниот има право на жалба. Тој беше уапсен на 30 октомври минатата година на аеродромот во Белград врз основа на потерница на Интерпол издадена по барање на белоруските власти за наводно затајување данок. Оттогаш тој е во притвор во Централниот затвор во Белград, пишува Асошиејтед прес.

На почетокот на март Апелациониот суд ја укина одлуката на Вишиот суд во Белград, кој пресуди дека се исполнети законските услови за негова екстрадиција во Белорусија. Но, апелациониот суд го врати предметот на повторно разгледување до Вишиот суд, со образложение дека има повреда на процедурата.

Хниот ја напушти Белорусија во 2020 година откако остро го критикуваше прорускиот режим на авторитарниот претседател Александар Лукашенко и учествуваше во протестите по спорните претседателски избори таа година.

На едно од судските рочишта тој изјави дека режимот на Лукашенко сака да го казни за неговиот активизам. „Отворено се спротивставивме на диктатурата, кршењето на човековите права и изборната превара во Белорусија во 2020 година“, рече Хниот.

Србија, која формално се стреми кон членство во Европската унија, се оддалечува од својот пат кон ЕУ и се повеќе се врти кон Русија и Кина, пишува АП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ