среда, 23 октомври 2024

Србија испрати протестна нота до Хрватска поради палење кукла со ликот на Вучиќ на карневал

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ најостро го осуди денес инцидентот на палење кукла со ликот на претседателот на Србија Александар Вучиќ за време на карневалска поворка во местото Каштел Стари, кај Сплит во Хрватска, додавајќи дека поради тоа е испратена протестна нота до амбасадата на Хрватска во Белград.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Палењето на куклата со ликот на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ претставува апсолутно неприфатлив чин, кој е целосно спротивен на заеднички изразеното определување за целосна нормализација на односите и унапредување на сеопфатната соработка на нашите држави“, се наведува во соопштението на министерството за надворешни работи на Србија.

Се додава дека со тој „скандалозен чин на ширење омраза се испраќа порака која на никој начин не придонесува на јакнењето на добрососедските односи, мирот и стабилноста во регионот“ и „директно и сериозно“ се нарушуваат односите на двете земји.

На последниот дел на карневалот, вчера, во Каштел Стари во традиционална поворка се запалени кукли со ликовите на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на рускиот претседател Владимир Путин на магариња.

Вучиќ денес изјави, по повод инцидентот на карневалот, дека не е „особено несреќен“ поради тоа и дека би бил љубоморен ако била запалена кукла со лик на некој друг Србин.

„Кога знам дека ми палеле куќи, црквата во местото од каде е татко ми, ситница е да запалат некоја кукла. Кај нив е традиционално да палат. Им посакувам успех во иднината. Само замислете ние да го направевме тоа на некој нивен, цел Европа на грб ќе ни се качеше, ќе моравме пола Србија да ја уапсиме, но тоа се тие двојни стандарди“, кажа српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ