вторник, 4 февруари 2025

Србија и Албанија заедно ќе организираат Европско првенство во фудбал

Србија и Албанија во 2027 година ќе бидат домаќини на Европското фудбалско првенство до 21 година.

Објавено на

часот

Сподели

Првенството ќе биде отворено во Нови Сад, а финалето ќе се игра во Тирана. Бидејќи се одржува на една година пред Олимписките игри во Лос Анџелес 2028, овој турнир ќе биде и квалификациски.

Градовите во кои ќе се играат натпреварите покрај Нови Сад ќе бидат: Лесковац, Лозница и Зајчеар, додека во Албанија натпревари ќе организираат уште: Скадар, Драч и Елбасан.

Овогодишнешто издание на Европското првенство за млади ќе го организира Словачка и во него титулата ќе ја брани селекцијата на Англија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ