петок, 25 октомври 2024

Србија го засилува лобирањето на Западот

Објавено на

часот

Сподели

Ова е втор договор за лобирање, кој властите на Србија го имаат со лобирачки куќи во Америка. Вредноста на договорот со КАРВ, кој е орочен на една година со можност за продолжување, изнесува 60 илјади долари месечно.

Како што се наведува во договорот објавен на интернет страницата „Акт за регистрација на странски агенти“ (ФАРА) на американското министерство за правда, КАРВ на владата на Србија ќе ѝ пружи поддршка во стратегиските комуникации и односите со медиумите.

Специфичните услуги, како што се објаснува, ќе вклучуваат меѓу другото контакт со медиумите и релевантни групи со седиште во САД, за да се објаснат иницијативите на српската политика преку креирање и споделување говори и изјави, како и дополнително стратегиско советување, испраќање пораки и уредувачка политика.

Договорот на 11 јули го потпишале договорот на фирмата КАРВ Ендрју Френк и амбасадорот на Србија во САД, Марко Ѓуриќ.

КАРВ, се додава, ќе работи со Србија на помош во промоцијата на таа земја, како и на тоа да допре до нова публика со информации кои ќе им помогнат да ја разберат позицијата на Србија на глобалната арена.

Како што се наведува, тоа ќе биде направено преку стандардни и социјални медиуми, заедно со директни интеракции и говори со групи низ Соединетите Американски Држави.

Како што се наведува на сајтот на компанијата. КАРВ комјуникејшнс е глобално призната компанија за стратегиски комуникации специјализирана за софистицирани корпоративни и финансиски комуникации, кризно управување и управување со лична репутација, поддршка во судски спорови и јавни работи.

Компанијата за себе наведува и дека на клиентите им нуди правни совети, советување во врска со управување, лобирање, финансиско советување, технологија, управување со ризик и други советници.

Политико во март 2022 во текст за лобирачите, адвокатите и професионалците за односи со јавноста кои поттикнуваат помош на Украина, ја вброи и компанијата КАРВ во две фирми кои го претставуваат украинското здружение на индустријата за нафта и гас кои „станале де факто емисари за украинската кауза“.

Политико наведе и дека Ендрју Френк, претседателот на КАРВ, кажал дека примил повици од други експерти за односи со јавноста кои прашале како можат да помогнат или како КАРВ стапил во контакт со својот украински клиент, Здружението за нафтена и гасна индустрија на земјата.

Пред војната, меѓу другото, работата и на оваа фирма била фокусирана на гасоводот Северен тек 2, пренесе Политико.

Северен тек 2 беше проектиран да го удвои количеството гас од Русија директно во Германија, заобиколувајќи ја традиционалната транзитна држава Украина, преку Балтичко Море. На гасоводот долго му се спротивставуваа САД кои сметаат дека тоа би ја зголемила зависноста на стариот континент на руските испораки на енергенси.

Вашингтон соопшти и дека ќе ѝ нанесе економска штета на Украина, овозможувајќи ѝ на Москва да го пренасочи извозот на гас преку Украина, кратејќи ѝ милијарди долари годишно заработка од транзитни давачки.

Србија на крајот на 2019 година ја ангажираше американската компанија Јорктаун солушнс за „стратегиски советодавни услуги“ околу економските односи меѓу Србија и САД.

Потписник на договорот со компанијата е Стопанската комора на Србија. Договорот, кој истекува на 8 ноември оваа година, ја чинел Стопанската комора на Србија 840.000 долари.

На сајтот ФАРА се наведува дека се потпишани 34 договори за лобирање во корист на Србија. Некои од овие договори се продолжувани неколку пати. Сумите кои се плаќани за лобирање се движеле од нула до преку два милиони долари.

Договорите за лобирање се вообичаена пракса во САД, а деталите за нив се објавуваат на страницата „Акт за регистрација на странски агенти“ (ФАРА) на американското министерство за правда.

Само во 2022 вкупната потрошувачка на лобирање во САД изнесувала околу 4 милијарди долари.

Договори за лобирање, актуелни или во минатото, имаат повеќето држави од Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ