среда, 23 октомври 2024

Србија беше на чекор до сензација, но не успеа, Американците одат во финале

Српските кошаркари може да жалат што не ја победија американската репрезентација која на Олимписките игри во Париз е во најсилниот можен состав, Србите водеа до самиот финиш, а на крајот загубија со 95-91.

Објавено на

часот

Сподели

Селекцијата на САД беше апсолутен фаворит во овој меч, се освен нивна победа ќе беше сензација, и беше блиску да се случи тоа, но Американците беа подобри во последната четвртина и го добија натпреварот.

Шутот на Србија функционираше одлично, Богдановиќ, Аврамовиќ, Добриќ… погодуваа тројки, Американците се потпираа на Кари кој ги држеше во игра.

Србија имаше двоцифрена предност во повеќе од половина меч. Водеа и со 17 поени разлика, беше 42-25 во текот на третиот период. Србите добија три од четирите четвртини, но потфрлија во последната.

Нејасна беше и одлуката на селекторот Пешиќ да не го игра Аврамовиќ во второто полувреме иако тој беше фантастичен во првиот дел, на негово место го стави Мициќ.

Никола Јокиќ рано во последниот период направи четири лични грешки, па Американците постигнаа неколку лесни поени преку него знаејќи дека тој веќе не може да биде агресивен со цел да не направи нов фаул.

Топењето на предноста им даде крилија на Американците кои подобро се снајдоа во финишот и победија со 95-91.

Играч на мечот беше Стеф Кари кој постигна 36 поени, но ништо послаб не беше ниту Леброн Џејмс кој запиша трипл-дабл, имаше 16 поени, 12 скокови и 10 асистенции. Кај Србија Богдановиќ реализираше 20 поени, Јокиќ имаше 17 поени и 11 асистенции.

САД во финалето ќе игра против Франција која беше подобра од Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ