петок, 24 јануари 2025
Само тој знае како се воздржа да не направи голем инцидент

Срамни сцени во Ла Лига: Млад навивач на Рајо стави прст во задникот на Окампос (ВИДЕО)

Срамни сцени на синоќешниот натпревар помеѓу Рајо и Севиља, еден млад навивач на домаќините стави прст во задникот на гостинскиот фудбалер Лукас Окампос.

Објавено на

часот

Сподели

Во последниот натпревар од 23. коло во Ла Лига, Рајо ја пречека Севиља на „Ваљекас“, гостите ги однесоа трите бода и славеа со 1-2.

Но мечот се најде во фокусот на јавноста поради срамни сцени, еден млад навивач на Рајо стави прст во задникот на гостинскиот фудбалер Лукас Окампос, додека Аргентинецот се подготвуваше да изведе аут.

За среќа напаѓачот на Севиља се воздржа и не направи поголем инцидент.

„Мислам дека ТВ снимките се доволно јасни и се надевам дека Ла Лига сериозно ќе му пристапи на инцидентот, како што тоа го прави со расизмот. Не мислам дека сите навивачи на Рајо се вакви, секогаш покажуваат почит, но секогаш се наоѓа еднa будала“ – вели Окампос.

„Се надевам дека нема да се случи на други места, ако нешто вакво се случи на женски фудбал, знаеме како тоа ќе заврши“.

„Се воздржав бидејќи имам две ќерки и се надевам дека утре нема да им се случи нешто вакво на нив. Се надевам дека Ла Лига ќе превземе соодветни мерки за една ваква будала да не ги оцрни останатите фанови, кои се однесуваа навистина добро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ