Мигрантите, како што соопштија од Царинската управа, биле скриени во полуприколката на товарното возило, меѓу палети со стока пријавена за транзит. Тројца од нив согласно нивната изјава се од Сиера Леоне, а едно лице од Нигерија.
„Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. Граничната контрола, спречување меѓународен криминал и безбедноста на државата и натаму останува императив во работата на Царинската управа“, се наведува во соопштението.