Младиот скијач ја заврши трката што не им успеа на околу петнаесет натпреварувачи. Петков низ целта мина како 57-пласиран со време од 1:27,36 минути.
Првопласираниот Лукас Братен имаше за 13,44 секунди побрзо време од она на македонскиот претставник.
За Петков настапите во Кортина не завршуваат тука, бидејќи го очекува и второ појавување во велеслаломската конкуренција, трка која е на програмата од 13:30 часот.






