сабота, 14 февруари 2026

Виктор Петков финишира на 55. место по двете трки на ЗОИ

Виктор Петков ја заврши и втората велеслаломска трка на Зимските олимписки игри во Бормио.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот олимпиец собра вкупно време од 2:48,37 минути, што беше за 23,37 секунди побавно од златниот Лукас Пињеиро Братен. Со ова време Петков се пласира на 55. позиција во генералниот поредок во велеслалом.

Зад него останаа 14 скијачи со побавно време, а уште 12 не ги завршија двете трки.

Што се однесува до врвот, Братен направи сензација и ги победи швајцарските скијачи. Тој имаше вкупно време од 2:25,00, што беше за 58 стотинки подобро од претходниот златен олимпиец Марко Одермат. Бронзен беше Лоик Меилард.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ