Српскиот ракометар кој беше дел од Војводина требаше да биде ново име во „црвено-црниот“ дрес од лето, меѓутоа ситуацијата се промени. Воркапиќ доаѓа во Вардар веќе оваа зима и ќе му се стави на располагање на тренерот Иван Чупиќ за пролетните предизвици, пренесе српскиот „Mozzartsport“.
Во својата кариера Воркапиќ тргна преку Металопластика, па играше за Иври и Војводина.
Се работи за десно крило, па Воркапиќ ќе биде конкуренција за Гоце Георгиевски и Мигел Пинто. Ова е второ засилување за Вардар од Војводина, бидејќи претходно пристигна и Жоао Педро Да Силва.






