Владислав Хераскевич го привлече вниманието на јавноста уште на тренинзите на ЗОИ со својата кацига. На неа се наоѓаат ликови на загинати спортисти во војната со Русија.
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го предупреди Хераскевич дека не може да настапува со таква кацига бидејќи има политичка конотација, што е строго забрането.
Тие дури и му предложија наместо кацигата со спорниот дизајн, да носи целосно црна кацига и на тој начин да им оддаде почит на жртвите.
Но, украинскиот спортист одби да го направи тоа, по што следеше дисквалификација.
„Дисквалификуван е. Беше тоа емотивно утро, за жал не дојдовме до решение. Не е работата за пораката, туку правилата“, изјави претседателката на МОК, Кирсти Ковентри.
Неговиот тренер, Михаило Герескевич најави жалба до Судот за спортска арбитража.








