Јокиќ имаше фантастична партија, постигна 35 поени, имаше 20 скокови и 12 асистенции, запиша и три украдени топки и две блокади, но сето тоа не беше доволно за победа.
Проблематична за Денвер беше последната четвртина во која постигнаа само 16 поени, а примија 33 и го загубија натпреварот кој во еден момент изгледаше добиен.
Најдобар кај Голден стејт беше Муди со 23 поени, Хорфорд постигна 22, втор стрелец за Денвер по Јокиќ беше Мареј со 21 поен.
Резултати:
Оклахома – Кливленд 121-113
Атланта – Бруклин 115-104
Голден стејт – Денвер 128-117
Милвоки – Торонто 94-122
Индијана – Далас 130-134
Вашингтон – Шарлот 112-129
ЛА Лејкерс – Бостон 89-111
Минесота – Филаделфија 108-135
Чикаго – Њујорк 99-105
Феникс – Портланд 77-92
ЛА Клиперс – Орландо 109-111






