сабота, 14 февруари 2026

Трагедија во Србија: Во сообраќајка загина поранешна тенисерка

Синоќа во 20:45 часот се случила сообраќјна несреќа во која загинала поранешната српска тенисерка, Татјана Јечменица, тоа било судар на патничко со товарно возило.

Објавено на

часот

Сподели

Јечменица го загубила животот на лице место, а нејзиниот сопруг е тешко повреден, јавуваат српските медиуми.

Информациите од Србија велат дека тие се движеле наназад со своето возило по обиколница кога во тој момент налетал камион и удрил во нив.

Пожарникарите успеале ги извлекле двете лица од возилото, за жал телото на Јечменица било безживотно.

Нејзин најдобар пласман во кариерата беше 72. место на ВТА листата, а работеше и како селекторка на женската тениска репрезентација на Србија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ