петок, 13 февруари 2026

ТФТ убедливо го победи Феникс за полуфинале во Купот на Македонија

ТФТ со 98-71 го победи Феникс и се пласираше меѓу четирите најдобри на завршниот турнир во Купот на Македонија кој се игра во Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Феникс добро го отвори мечот и ја доби првата четвртина со 22-19, но во вториот период ТФТ заигра многу подобра одбрата, му дозволи на противникот да постигне само 12 поени, го сврте резултатот и на одморот замина со предност од 46-34.

Феникс се носеше и во третиот период кој го доби со еден разлика, но ТФТ одигра моќно во последните десет минути и на крајот дојде до убедлива победа од 98-71.

Најефикасен кај ТФТ беше Зафиров со 19 поени, Стенли постигна 17. Во составот на Феникс најдобар беше Стојановски со 16 поени и осум скока.

ТФТ во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Пелистер и Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ