Со овој резултат 18-годишникот стана првиот Австралијанец кој ја пробил границата од 20 секунди. Тој воедно го надмина и младинскиот рекорд на легендарниот Усеин Болт на иста возраст.
Гоут не само што постави нов национален рекорд, туку уште еднаш потврди дека е еден од најголемите таленти кај спринтерите, доближувајќи се на само две стотинки до јуниорскиот светски рекорд на Ерион Најтон.
Неговата доминација ја потврди и фактот што зад себе остави силна конкуренција, а Австралија веќе сериозно може да смета на нова ѕвезда на атлетската сцена.






