Младиот возач на ЈТ Рејсинг ги финишира двете трки во својата група и чека разврска од третата за да се одреди дали ќе вози на главниот настан. Поради големиот број на учесници возачите се поделени во три групи, а најдобрите 32 возачи ќе настапат во главната трка.
Тренески на првата трка вчера се пласира на 20. позиција откако имаше одредени проблеми со болидот. Сепак, денес истите беа надминати, па тој заврши како 11. во конкуренцијата. На втората трка тој беше втор најдобар меѓу дебитантите.
Стефан Тренески ја вози првата целосна сезона во Формула 4, откако минатата дебитираше на неколку трки.






