сабота, 14 февруари 2026

Шкендија убедливо го победи Тиквеш среде Кавадарци

Шкендија со 4-1 го совлада Тиквеш во Кавадарци во првиот натпревар од 18. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), кавадаречкиот тим водеше, но потоа следуваше потоп.

Фото: ФК Шкендија

Објавено на

часот

Сподели

Шкендија дојде до планираните три бода од гостувањето кај Тиквеш кој пружи отпор но на крајот го положи оружјето.

Кавадаречката публика се израдува на водство со гол на Стојкоски во 25. минута.

Предноста за домаќинот траеше до пред самиот крај на првото полувреме кога Тамба израмни на 1-1.

Во второто полувреме приказната беше поинаква. Најпрво Анес Мелиќи погоди за комплетен пресврт и водство на Шкендија од 2-1.

А до крајот на натпреварот голови дадоа и Зејнулари и Нзенгуе за конечна победа од 4-1.

ПМФЛ 18. коло:

Сабота
Тиквеш – Шкендија 1-4
Недела
Работнички – Вардар
Струга – Силекс
Понеделник
Македонија ЃП – Шкупи
Арсими – Брера
Вторник
Башкими – Пелистер

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ