петок, 13 февруари 2026

Распоред: Македонија ќе почне и ќе заврши во Скопје, прва на менито е Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација синоќа ги дозна противниците за новата сезона од Лигата на нации, првпат играме во сегментот Б, а во групата сме заедно со Швајцарија, Шкотска и Словенија.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска е утврден и распоредот за натпреварите во групната фаза кои ќе се играат во два прозорци. Во првиот прозорец има дури четири натпревари кои ќе ги одиграме во рок од две недели, во вториот прозорец се последните две кола.

Распоред група Б1:

26.09.2026 сабота 20:45 Македонија – Швајцарија

29.09.2026 вторник 20:45 Словенија – Македонија

03.10.2026 сабота 20:45 Македонија – Шкотска

06.10.2026 вторник 20:45 Швајцарија – Македонија

13.11.2026 петок 20:45 Шкотска – Македонија

16.11.2026 понеделник 20:45 Македонија – Словенија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ