Сипковски беше дел од младинскиот погон на РК Вардар, но поради повреда на вратот предвреме ја заврши спортската кариера. Потоа бил ангажиран од модна агенција во Истанбул, а бил и студент на факултетот за бизнис и менаџмент во Скопје.
21-годишниот Мартин загина во експлозија која се случила на 1 окомври околу 21:30 часот во стан во Белград. Неговиот идентитет е откриен преку обдукција и размена на податоци на српската и македонската полиција во врска со ДНК трагите.
Сипковски кој од порано ѝ бил познат на македонската полиција откако влегол во криминални води, имал набавено експлозив „петрит“ кој требало да биде употребен за ликвидација на некој наркодилер, навивач и припадник на криминална организација од Нов Белград.
Македонецот загинал поради нестручно ракување со експлозивот. Од силната експлозија станот во кој бил Мартин бил комплетно уништен, а штета е направена и во два соседни стана.
Според српските медиуми, експлозивот го набавил на 30. септември оваа година од извесен Филип, му бил предаден на истата улица „Косовска“. Лицето кое му го предало експлозивот е уапсено.






