Напаѓачот се пресели во Машал и ќе го носи дресот на тимот од Мубарак во продолжението од сезоната.
Узбекистанскиот клуб преку своите официјални канали го потврди ангажманот, нагласувајќи дека се работи за фудбалер кој треба да донесе квалитет повеќе во офанзивата.
Стојановски првата полусезона беше без клуб откако замина од Беса, а претходно играше за Работнички, Септември Софија, Шкендија, Горица, Ним, Шамбле, Ренова, Дугопоље, Сплит, Неретванац и Металург.






