Брера и Македонија ЃП ремизираа 1-1 во директната пресметка за важни бодови во битката за опстанок во ПМФЛ.
Домаќинот дојде до предност во 20 минута по корнер и мешаница пред голот на Јанков, а дебитантот Петровиќ најдобро се снајде и ја испрати топката во мрежата. Гостите израмнија пред паузата. Беше досуден пенал по игра со рака на Луковиќ, Вргов го одбрани ударот на Пецов, но во продолжението капитенот ја смести топката во мрежата. Во вториот дел АП Брера имаше и играч повеќе по исклучувањето на Ричков, сепак резултатот не се менуваше и двата тима освоија по бод.
Пелистер славеше убедлива победа од 4-1 против Работнички, а мечот го одбележа расположениот Лука Булатовиќ со три погодоци. Напаѓачот го отвори резултатот во 16 минута и брзо потоа зголеми на 2-0. Работнички намали преку Бесир Демири, но на стартот на второто полувреме Булатовиќ повторно погоди за свој хет трик. Конечните 4-1 ги постави Вилдан Керим во судиското надополнување.
По ова коло Брера е осмопласирана со 20 бода, Пелистер е деветти со 19, Македонија Ѓорче Петров е десетта со 16, а претпоследниот Работнички има седум.






