По неколку дена затишје, вечерва повторно се активираа преговорите помеѓу Спортинг и Арсенал за трансфер на Виктор Ѓокереш на „Емирати“.
Доцна вечерва, неколку извори објавија дека начелно е постигнат договор помеѓу двата клуба.
„Топчиите“ ќе платат околу 63,5 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
Клучен за ваквата разврска е агентот на Виктор Ѓокереш, тој се откажал од провизијата од 10% која му следува, односно помеѓу 6 и 7 милиони евра.
Па на крајот Спортинг ќе ја добие бараната сума за продажба, а Виктор Ѓокереш ќе си ја оствари желбата да го облече дресот на Арсенал и да се испроба во Премиерлигата.
Се очекува во следните денови да бидат испеглани сите детали и да пристигне официјална потврда.
ФОТО: X/Sporting CP






