петок, 13 февруари 2026

Охрид подели повеќе од милион евра за спортот, најмногу има за ракометот

Градот Охрид ја направи листата на спортски клубови, спортисти и манифестации за кои ќе бидат одвоени средства од буџетот на општината, речиси половина одат на сметката на ракометниот клуб ГРК Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Градскиот ракометен клуб Охрид во изминатите години прерасна во главен проект на општината. Од оваа сезона тимот е конкурентен на Вардар, Пелистер и Алкалоид, финансиски се носи со најдобрите, а тоа може да се види по засилувањата кои ги носи.

Општина Охрид за 2026 година во буџетот предвиде околу 1,2 милиони евра за спортот. Од нив нешто помалку од 500.000 одат на сметката на ГРК Охрид. Ова и не е рекордна сума за ракометниот клуб, туку е за околу 50.000 евра помалку од минатата сезона. Но е многу значајна инјекција за амбициите на клубот.

Целата листа на суми за поддршка на спортот која ја објави општина Охрид може да ја погледнете на овој ЛИНК.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ