петок, 13 февруари 2026

Од спектакл бргу дојде до скандал: Прекин на мечот меѓу Куманово и Пелистер во Купот

Кошаркарскиот Куп на Македонија оваа година се одржува во Куманово, а навивачите од овој град покажаа дека за нив ова е спорт број еден.

Објавено на

часот

Сподели

Во последното четвртфинале меѓу домаќинот Куманово и Пелистер трибините беа полни. По неколку минути од почетокот на средбата дојде до првиот прекин, откако навивачката група „Кумани“ распостели огромно знаме речиси преку цела трибина. Тоа ги покри камерите на националниот сервис и поради тоа имаше прекин додека траеше кореографијата на домашните.

Бргу потоа следуваше нов прекин, во моментите кога требаше на трибините да пристигне и навивачката група „Чкембари“. Дојде до некаков судир со органите на редот, а веднаш потоа стана јасно дека гостите нема да се најдат на трибината.

Поради тоа играчите на Пелистер се повлекоа во соблекувалната и не сакаа да играат.

Судиите го започнаа официјалното одбројување на петнаесетте минути, а пред истекот на ова време пелистерци се вратија на теренот и средбата продолжи без битолските навивачи на трибината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ