четврток, 12 февруари 2026

Нотингем форест отпушти и трет тренер оваа сезона

По вчерашното реми против Вулвс, Нотингем форест му врачи отказ на тренерот Шон Дајч, тоа значи дека ќе имаат и четврти стратег оваа сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Грчкиот газда се изгуби оваа сезона, а нема да биде чудно на крајот ако неговото конфузно водење на клубот резултира со испаѓање.

Нотингем форест сезоната ја започна со Нуно Еспирито Санто, кој доби отказ на 9 февруари. Беше назначен Анже Постекоглу кој издржа нешто повеќе од еден месец, тој беше отпуштен на 18 октомври.

По Постекоглу дојде Шон Дајч кој на клупата се задржа речиси четири месеци.

Наскоро ќе се знае кој ќе биде четвртиот тренер кој ќе го спасува Нотингем форест.

Тие уште се над зоната за испаѓање, но имаат само три бода повеќе од Вест Хем кој значително ја подобри формата во последно време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ