петок, 13 февруари 2026

МЗТ Скопје му одржа лекција на Работнички за полуфинале во Купот

Кошаркарите на МЗТ Скопје се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија со победата над Работнички од 100-69. „Штрковите“ целосно го надиграа градскиот ривал и одново му одржаа лекција.

Објавено на

часот

Сподели

Првата четвртина беше израмнета и тимот од Аеродром водеше со 25-24. Потоа тимот на Васко Атанасов се наметна и ја доби втората четвртина со 27-17, па на пауза замина со двоцифрено водство.

Одново Работнички се обиде да парира, ама немаше сили да се врати во натпреварот. Во последната четвртина „црвено-белите“ се распаднаа и фаворитот ја доби со 29-9.

Мек Смит Мекјуен беше најдобар играч во таборот на МЗТ со 17 поени, а му помогна и Елајџа Мекејден со 14. Кај Работнички се истакна Виктор Ефремовски со 26.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ