сабота, 14 февруари 2026

МЗТ Скопје лесно се справи со Кожув и ќе се бори за пехарот од Купот на Македонија

МЗТ Скопје утре ќе го брани трофејот од Купот на Македонија откако во полуфиналето без проблеми го совлада Кожув со 76-58 и се пласираше во финалето.

Објавено на

часот

Сподели

Кожув пружи отпор во првата четвртина која ја загуби само со два разлика, беше 20-18 за МЗТ, но потоа работите си дојдоа на место, на полувремето скопскиот тим имаше водство од 46-28.

МЗТ Скопје рутински го приведе мечот до крајот за убедлив триумф од 76-58.

Смит Мексвејн со 12 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, по десет постигнаа Магдевски и Дамјан Стојановски. Кај Кожув најдобар беше Кузманов со 15 поени и 10 скокови.

МЗТ Скопје во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу ТФТ и Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ