Бенфика и Реал Мадрид го одиграа најлудиот натпревар во последното коло во групната фаза во Лигата на шампиони.
Популарните „орли“ со голот на голманот Трубин во 98. минута стигнаа до победа од 4-2, која беше доволна да го фатат последниот воз за бараж. Поразот пак за „кралевите“ значеше испаѓање од топ 8 на табелата.
Судбината потоа замеша прсти во ждрепката, и ги спои токму Бенфика и Реал Мадрид во баражот.
„Знаеме што му направивме на кралот на Лигата на шампиони, тие се ранети, а ранетиот крал е опасен!“, вели Жозе Мурињо.
„Ќе го одиграме првиот натпревар со ладни глави, амбициозно и со голема самодоверба“.
„Не треба да заборавиме дека ова е само првото полувреме од пресметката, тоа што ќе се случува на „Луж“ е само половина од приказната“.
„Резултатот во вторник ќе биде само делумен исход што ќе влијае, но нема да го одреди она што ќе се случува на реваншот на „Бернабеу““.






