понеделник, 16 февруари 2026

Македонски шмек на „Ол-старот“: Еден од најдобрите во НБА носеше патики од Сатја Грабулоски

Викендов во Лос Анџелес се одржа најголемиот кошаркарски настан во годината, натпреварот на најдобрите кошаркари од НБА лигата.

Објавено на

часот

Сподели

А на „Ол-стар“ натпреварот, еден од најдобрите кошаркари во моментов, Џејлен Браун од Бостон Селтикс, носеше патики дизајнирани од нашиот Сатја Грабулоски и неговото „SWithADot“ студио.

Патиките се изработени по директна комуникација на Грабулоски со Браун, кој самиот ги даде насоките за уникатните патики што ги носеше. Браун ги носеше овие патики и за официјалното фотографирање на играчите пред нивниот настап на „Ол-стар“ викендот. За патиките кои ги изработи за кошаркарот и комуникацијата со него, Грабулоски вели:

Да соработуваш со еден од најдобрите кошаркари во моментот во светот е уживање – посебно кога се работи и за одличен човек и интелект. Сигурно многу луѓе не знаат, но Џејлен, меѓу другото е и предавач на Универзитетот МИТ, па неговата љубов кон бројките и космосот се пресликани во еден пар патики кој ноќеска ги носеше на „Ол-стар“ викендот во НБА. Разговараме и на тема Македонија, па при некоја следна посета на Европа, се надевам ќе го прошетаме низ Скопје“.

Ова не е прва соработка на Грабулоски со луѓе кои се меѓу најзначајните во NBA. Во деловната биографија на „SwithADot“ се запишани и имињата на Шекил О’Нил, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо, Двејн Вејд, Ален Ајверсон, Кармело Ентони, Богдан Богдановиќ и многу други

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ