сабота, 14 февруари 2026

Магичен лет на Превц, олимписко злато за Словенија (ВИДЕО)

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц ја оправда фаворитската улога и освои златен медал на големата скокалница на Зимските олимписки игри (ЗОИ)

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По првата серија најдолг скок имаше Јапонецот Рен Никаидо, кој скокна 140 метри. Првиот скок на Превц беше 138,5 метри.

Сепак во втората серија Словенецот имаше фантастичен скок од 141,5 метри, собра вкупно 301,8 поени и го освои олимпиското злато.

Сребрениот медал отиде на градите на Никаидо со 295 поениа, а место на пиедесталот имаше и за Каспер Томасиак од Полска кој собра 291,2 поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ