сабота, 14 февруари 2026

Легендарниот Крис Пол порано од планираното замина во пензија

Легендарниот кошаркар Крис Пол нешто порано од планираното замина во спортска пензија и заврши со НБА лигата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ветеранот беше отпуштен од Торонто Репторс, па овој момент Пол го искористи за повлекување од спортот. Пол стана слободен агент и неговата одлука беше веднаш да замине во пензија, иако тоа беше најавено за крајот на сезоната.

Во својата кариера Пол настапуваше за Њу Орлеанс, ЛА Клиперс, Хјустон, Оклахома, Феникс, Голден Стејт и Сан Антонио.

Крис Пол зад себе има многу успеси во своите 21 сезони во НБА лигата. Плејмејкерот 12 пати беше дел од „Ол-стар“ екипите, 11 пати беше дел од идеалниот тим на сезоната и девет од најдобрите дефанзивци.

Аналитичарите и познавачите на НБА го сместуваат Пол меѓу 75. најдобри играчи  во историјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ