сабота, 14 февруари 2026

Куманово го победи ТФТ за историско финале во Купот на Македонија

Домаќинот на завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија, тимот на Куманово ќе се бори за пехарот откако беше подобар од ТФТ со 87-79 во вториот полуфинален натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

ТФТ одлично го почна мечот, ја доби првата четвртина со 24-18, имаше и +8 поени, но како одминуваше времето кумановскиот тим ја топеше негативата и на одморот се замна со нерешен резултат од 45-45.

Во вториот дел кога се кршеше натпреварот Куманово на крилјата на својата публика направи водство за мирна завршница и победа од 87-79.

Најдобар играч во составот на Куманово беше Босанецот Николиќ кој постигна 31 поен, Луковиќ реализираше 17, а имаше и 10 скокови. Во составот на ТФТ, Стенли постигна 24 поени.

Во утрешното финале Куманово ќе игра против МЗТ Скопје. За кумановскиот клуб ова е прво финале од формирањето. Мечот почнува од 19 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ