петок, 13 февруари 2026

Кожув го победи дебитантот Маџари и ќе игра против бранителот на трофејот

Кошаркарите на Кожув се третиот полуфиналист во Купот на Македонија, бидејќи славеа во четвртфиналниот дуел против Маџари со 84-80.

Објавено на

часот

Сподели

Гевгеличани тргнаа добро и го добија првиот период со 27-16. До полувремето скопјани се вратија во средбата и пријдоа на 36-35, меѓутоа потоа Кожув со добра серија на одмор замина со 45-37.

Вториот дел понуди драма и пресврти. Маџари водеше во финишот на третата четвртина, а потоа пак бркаше резултат во решавачката. Клучниот исчекор Кожув го направи на средината на последниот период кога се одлепија на 81-73 и го издржаа завршниот налет на Маџари.

Теодор Симиќ беше најефикасен играч на средбата со 21 поен и 14 скока, додека во таборот на Маџари се истакна Луис со 19.

Кожув во полуфиналната фаза ќе игра против бранителот на трофејот МЗТ Скопје, додека ТФТ го чека ривалот од средбата меѓу Куманово и Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ