петок, 13 февруари 2026

Јада на 83. место ја заврши трката во крос-кантри на 10 километри

Најискусниот македонски спортист на Зимските олимписки игри (ЗОИ), Ставре Јада денеска го имаше вториот настап, учествуваше на трката на 10 километри во крос-кантри.

Фото: МОК

Објавено на

часот

Сподели

Македонецот трката ја заврши со време од 25:28.09 минути и заостанување 04:52.07 минути зад победникот Клаебо од Норвешка. Тоа беше доволно за да финишира на 83. место од 113 пријавени натпреварувачи.

Претходно Јада настапи на спринт трката од 1.6 километри на која ја заврши на 89. место.

Со денешниот настап на Јада, заврши учеството на македонските спортисти во крос-кантри. Во наредните денови ќе се појават нашите двајца спортисти во алпските дисциплини, Виктор Петков и Јана Атанасовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ