петок, 30 јануари 2026

Германија е првиот финалист на ЕП, Хрватска немаше сили

Германија со 31-28 ја победи Хрватска во првото полуфинале на Европското првенство и ќе се бори за континенталната круна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хрватска која постојано се жалеше на густиот распоред и лошите врски за патување, немаше сила да забележи уште една голема победа.

Германците доминираа во текот на целиот меч, во еден момент имаа предност и од седум голови разлика.

Хрватите најмногу што направија е во финишот да дојдат до два негатива, но немаше време за пресврт.

На крајот Данска победи со 31-28 и се пласираше во финалето каде што ќе игра со подобриот од мечот меѓу Данска и Исланд.

Најефикасен во составот на Германија беше Цербе со шест голови, кај Хрватите Лучин даде исто толку голови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ