понеделник, 14 јули 2025

Додека во САД го бараат за силување, тенисерот Бугариќ носи победи за Македонија

Македонскиот тениски репрезентативец, Берк Бугариќ е во големи проблеми, според американските медиуми, во САД е издаден налог за негово апсење поради силување, во меѓувреме тој на тениските терени на клубот „Југ“ игра на Дејвис купот за Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Првата победа за Македонија на Дејвис купот кој се одржува во Скопје ја забележа Берк Бугариќ кој вчера беше подобар од противникот од Малта.

Но, името на Бугариќ во изминатиот период се прослави во САД по работи кои нималку не се поврзани со спортот. Имено, против Македонецот има обвинение по шест точки за силување кое се случило минатата година.

Берк Бугариќ е стипендист на Универзитетот во Јута и таму ја усовршува тениската игра, но од САД пристигнуваат лоши вести за македонскиот тенисер.

„21-годишниот Берк Бугариќ е обвинет од Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Солт Лејк по три точки за силување, две точки за присилна содомија и една точка за силување. Сите шест кривични дела се од прв степен.

Девојката која била жртва на силувањето ѝ кажала на полицијата дека се дружела со група пријатели и Бугариќ во бар во ноември. Според неа, потоа отишле во домот на Бугариќ. Таа и македонскиот тенисер влегле во неговата соба и почнале да се бакнуваат. Таа му рекла дека не сакаат да имаат секс, но тој ја игнорирал и ја силувал. Девојката рекла дека се обидела да замине, но Бугариќ ја турнал на ѕидот и повторно ја силувал.

Издаден е налог за апсење на Бугариќ без кауција. До оваа вест нејасно е дали тој е веќе во притвор“, ова го објави медиумот „Фокс 13 Њуз“.

Бугариќ не е уапсен, тој се наоѓа во Скопје и игра за македонската тениска репрезентација.

Со изјава излегоа и од Универзитетот Јута каде студира Македонецот, оттаму велат дека Бугариќ од нив веќе имал суспензија која во еден момент била укината, но сега повторно е на сила.

„Свесни сме за кривичните пријави кои се поднесени против студент-спортист во машки тенис. Кога првично дознавме во ноември во 2024 година за обвинение против студент-спротис, одделот за спорт веднаш го суспендираше студентот спортист. Во јануари 2025 година кога не беа поднесени обвиненија против студентот-спротист, суспензијата беше укината со услов дека ќе биде повторно применета доколку бидат поднесени обвиненијата“, изјавија од Универзитетот во Јута за „Фокс 13 Њуз“.

Бугариќ беше државен првак во тенис во категории до 12, 14, 16 и 18 години. Тој беше голем македонски тениски талент, со оглед на годините може да се каже и дека уште е. Но, неговата ситуација во САД не наговестува успешно продолжување на кариерата.

Наводно веќе е побарано од Светските тениска федерација, Бугариќ да биде суспендиран од натпреварувањата додека трае случајот. Засега нема реакција и тој настапува за Македонија и тоа во солидно издание.

Фото: Тениска федерација на Македонија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ