петок, 13 февруари 2026

Британски скијач ги шокираше сите, на ЗОИ скијаше со маица без ракави (ФОТО)

Денеска на програмата на Зимските олимписки игри (ЗОИ) беше трката во скијачко трчање на 10 километри, а златото го освои легендарниот Клаебо, но во фокусот на јавноста е друг скијач.

Објавено на

часот

Сподели

Најголемо внимание привлече британскиот натпреварувач Ендрју Мусграва. Не поради неговиот добар настап, туку поради тоа што скијаше во маица без ракави иако температурата беше само неколку степени над нулата.

Малку фалеше Ендрју Мусграва да направи и сензација, тој заврши на шестото место, беше на 15 секунди до бронзата.

Норвежанецот Клаебо го освои првото место со време од 20:36.2 минути. Среброто му припадна на Французинот Матје Десолге, кој заостанa 4,9 секунди зад победникот, додека бронзата ја освои Еинар Хедегард со 14 секунди послабо време од Клаебо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ