Цветановска трката ја заврши меѓу последните, пласирајќи се на 105. позиција во поредокот. Зад Македонката завршија само уште три скијачки, а други три не ја завршија трката.
Времето на Цветановска беше 31:32,4 минути, што беше за осум минути и 43 секунди побавно од победничката Фрида Карлсон. На подиумот на трката завршија Андерсон и Дигинс.
Македонија ќе има уште еден претставник на ЗОИ веќе утре, бидејќи Ставре Јада ќе се натпреварува во истата дисциплина во машка конкуренција.






