„Меѓутоа, како што е претходно напоменато од наша страна, сметаме дека овој парламентарен состав нема добиено мандат за било какви уставни измени. Оттаму е потребата за одржување брзи предвремени парламентарни избори.
Не сме подготвени и исклучуваме секаква можност да почне каков било дијалог со СДС, сметајќи го тоа за чин спротивен на изградените партиски ставови и нарушување на концептот за заштита на националните и државните интереси“, се вели во соопштението на СПМ.