Во рамките на посетата на Украина, Митрески остварил посета на Киевско-печерската Лавра.
„Митрески, вчера во Киев оствари средба со Валериј Зуб, претседател на Групата на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарна соработка со Република Северна Македонија.
Митрески и Зуб изразија задоволство што во изминатите години во голема мера беше унапредена соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Врховната Рада на Украина, како на билатерален, така и на мултилатерален план, во рамките на меѓународните парламентарни собранија. Стана збор и за можностите за унапредување на успешната меѓупарламентарна соработка, а особено соработката меѓу двете парламентарни групи за соработка, кои и досега беа многу активни, со бројни остварени средби и меѓусебни посети.
На специјалната седница на Врховната рада на Украина, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Јован Митревски оствари поздравна средба со премиерот на Белгија Александер де Кроу“, се вели во соопштението на Собранието на Македонија.