Натпреварот почна шокантно за Реал Мадрид, со гол на Бернардо Силва од слободен удар уште во втората минута Манчестер Сити поведе со 1-0.
Десет минути подоцна Реал Мадрид изедначи, Камавинга шутираше, топката се одби од Диаш и заврши во мрежата на Ортега за 1-1. Веќе во следниот напад кралскиот клуб преку Родриго направи комплетен пресврт и поведе со 2-1.
Во 66. минута Фил Фоден постигна маестрален гол од далечина за израмнување на 2-2. Пет минути подоцна се случи нов пресврт, овојпат во полза на Сити, Гвардиол погоди за 2-3.
Течеше 79. минута кога по асистенција од Винисиус, Валверде со спектакуларен волеј погоди за конечни 3-3.