петок, 13 декември 2024

Специјалниот претставник на ОН за Сирија предупредува на предизвиците за стабилизација на земјата

Специјалниот претставник на Обединетите нации Геир Педерсен изјави денес дека пред Сирија се многу предизвици во процесот на стабилизацијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според него, иако се постигнати некои чекори кон привремена стабилизација во одредени аспекти, ситуацијата и понатаму е „многу променлива“, пренесува Ројтерс.

Педерсен викендов ќе отпатува во Јордан, каде ќе се сретне со арапските министри за надворешни работи, а планирани се и состаноци со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, соопшти неговата портпаролка Џенифер Фентон.

Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Израел Кац им нареди на израелските трупи да се подготват да останат во текот на зимата на сириската планина Хермон, стратегиска локација од која се контролира главниот град на Сирија Дамас, соопшти денес кабинетот на Кац.

Во соопштението се наведува дека постои огромно безбедносно значење израелските трупи да останат на планината Хермон поради актуелната ситуација во Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ