„Се решивме на протест под мотото „5 ДО 12 ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО“ со цел повторно да го кренеме гласот за нашите барања за достоинствен живот и основни човекови права. Овој протест нема за цел само изразување на нашето лично незадоволство, туку протестираме и за да го искажеме нашиот стремеж кон подобрување на условите за нас како лекари и за нашите пациенти“, се вели во најавата на специјализантите кои очекуваат широк одглас за нивните барања и конечно за решавање.