недела, 22 декември 2024

Спасувачите му наредиле на капетанот на Конкордија да се врати назад на бродот

Објавено на

часот

Сподели

Италијанската крајбрежна стража џабе барала од капетанот на италијанскиот насукан брод да се врати назад и да ја надгледува евакуацијата. Како што докажува снимката од разговорот меѓу нив, тој упорно одбивал.
Италијанскиот весник Кориере дела Сера ја стави на својот сајт снимката направена од крајбрежната стража.
Капетанот Франческо Скетино е во затвор, обвинет за повеќекратно убиство, предизвикување на несреќата и напуштање на бродот.
Ова се извадоци од разговорот:
Крајбрежната стража до капетанот: „Има луѓе што се спуштаат по скали преку прамецот. Врати се назад, качи се на бродот и кажи ми колку луѓе има на бродот.
Кажи ми дали има деца, жени и каква помош им е потребна. И кажи ми бројки за секоја категорија. Дали е јасно?!
Слушај Скетино, можеби се спаси од морето, но сето ова ќе биде лошо за тебе. Ќе те натерам да платиш за ова. Проклет да си, враќај се на бродот!“
Капетанот до крајбрежната стража: „Ве молам…“
Крајбрежната стража до капетанот: „Нема молење, Враќај се на бродот. Да те видам дека се враќаш на бродот!“
Снимката ги потврдува извештаите што се појавија деновиве откако Коста Конкордиа ја удри несреќната карпа. Бројката на загинатите се искачи на 11, додека 29 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ